Избор Охрид

Утре крводарителска акција во охридската гимназија

Охрид, 27. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид ќе организира крводарителска.

Акцијата ќе се реализира утре од 09 до 15 ч. во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – гимназија.

– Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв, велат од ОО на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави