Избор Охрид

Започнуваат уписите за прва година во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Охрид, 28. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Општинското угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017 година.

Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на денес и утре, додека за второто пријавување на 4-ти јули. Во прва година учениците ќе бидат запишани во 8 паралелки во угостителско-туристичката струка и во 3 паралелки во Спортската академија.

Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа:

– Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование);

за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование).

– Во Спортската академија за спортски талентираните ученици според наставниот план и програма за гимназиско образование-спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралелка по фудбал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави