Во автобус што сообраќал на релација Истанбул – Струга откриени 25 златници
Струга, 29. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златни монети.
Откриени се 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, при личен претрес на македонски државјанин, кој патувајќи со македонски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Струга, а се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во предниот џеб од панталоните на патникот, завиткани во црн женски чорап, се пронајдени 12 турски монети, 10 монети од француска република и 3 австриски монети, изработени од 18 каратно злато, чија вредност е проценета на околу 290 илјади денари. Монетите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Царина
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |