Забава Избор Охрид

Со вечерашната манифестација „Бела ноќ“ Охрид го означува почетокот на сезоната

Охрид, 1. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Летната туристичка сезона 2016 во Охрид официјално ќе биде отворена со „Бела ноќ“, манифестација која по четврти пат се организира во Охрид.

Првиот настан започнува во 19 часот. Во предворјето на црквата Св. Софија ќе има концерт на Владимир Василевски Четкар Секстет.

Од 21 часот настапува перкусионистичката група KARANOS waterfall drums group од Воден, Грција, со дефиле од Св. Софија – градски плоштад Климент Охридски – плоштад Крушевска Република – мал плоштад Долна Порта.

Во 21 часот на малиот плоштад Долна Порта ќе настапи на жонглерска група со најнова технологија на жонглерски реквизити LED POI.

Еден час подоцна, ќе има заеднички дј-ски – перкусионистички настап на Никола Тони и Никола Баба.

По завршување на настаност угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави