Избор Охрид

Во академската 2015/2016 година на ФТУ се запишале 861 студент

Охрид, 5. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Поголем е бројот на млади од Охрид, кои во академската 2015/2016 година студирале на државните универзитети во републикава, отколку на приватните високо образовни институции, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на запишани студенти на додипломски студии на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, минатата година бил 861. Редовни студенти биле 784. Од вкупниот број на првично запишани, редовно прва година завршиле 320 студенти, а редовно втора година завршиле 182-ца.

Додека на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, минатата година се запишале 360 студенти, сите како редовни студенти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави