Избор Охрид

Санкции за таксистите кои нема да возат патници на кратки релации

Охрид, 15. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Општинскиот инспекторат и Општина Охрид ги известуваат сите такси превозници и фирмите кои се занимаваат со такси превоз дека во текот на туристичката сезона, доколку го вршат превозот спротивно на законските одредби, ќе следуваат санкции.

Како што велат од инспекторатот, во текот на туристичката сезона, таксистите не сакаат да ги возат патниците во насока кон Стар Град и други пократки дестинации со напомена дека се зафатени.

– Ваквата појава е спротивна на Законот за превоз во патниот сообраќај и Општинскиот инспекторат против сите прекршители ќе превзема соодветни санкции пропишани за Закон како и одземање на лиценцата за работа. Воедно се известуваат сите такси возачи дека согласно законските одредби во возилото додека го вршат такси превозот потребно е да имаат сертификат за такси возач и истакнат ценовник одобрен од надлежен орган. Против сите оние такси возачи кои немаат сертификат за такси возач ќе се превземаат законски занкции а согласно Законот за превоз во патниот сообраќај казната е пропишана во износ од 5.000,оо ЕУ во денарска противредност, се вели во соопштението до такси превозниците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави