Струга, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера СВР Охрид реализираше заедничка координирана акција со УЈП.
Контрола беше извршена во неколку обложувалници во Струга.
Контроли биле извршени во објекти-обложувалници, каде биле констатирани прекршоци согласно законот за игри на среќа и забавни игри.
Неправилности се констатирани во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши каде поради немање фискален апарат, една обложувалница е затворена до 30 дена.
Во согласност со Законот за игрите на среќа и забавните игри, према правните лица каде се констатирани неправилности, ќе бидат и поднесени кривични пријави. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35