Култура

Изложба на охриѓанецот Слободан Милошески во Софија

Софија, 21. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во просториите на КИЦ на Македонија во Софија ќе биде отворена изложбата „Импулси” на охридскиот скулптор Слободан Милошески.

Тој ќе се претстави со дванаесет скулптури од неговиот најнов творечки опус, изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров а проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Слободан Милошески е роден во Охрид, Македонија. Во 2001 г. дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во 2009 г. дипломира на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарствo во Скопје. Во 2011 год. магистрира на Факултетот за ликовни уметности, на област вајарство, во Скопје. Моментално е докторант на Националната уметничка академија во Софија, на катедра скулптура.

Има реализирано 12 самостојни изложби во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора.

Учествувал на повеќе од четириесет групни изложби во Македонија и странство. Реализирал седум проекти за поставување на скулптури во јавен простор. Добитник е на тринаесет награди и признанија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука