Избор Култура

Изложба на Мешкоска во Галерија „Робевци“

Охрид, 25. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Галерија „Робевци“, во петок, на 29-ти јули со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на сликарката Марија Мешкоска од Охрид.

Марија Мешкоска е родена 1989 година во Охрид. Дипломира во 2012 година на Факултетот за ликовни уметности отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на Благоја Маневски. Магистерските студии ги продолжува на Болоњскиот Универзитет во насока конзервација и реставрација. Член е на ДЛУМ од 2012 година. Мешкоска учествувала на повеќе групни изложби, годишни изложби на ДЛУМ. Учествува во фреско живописувањето на неколку цркви во Македонија.

Изложбата „Симфониска Имагинација“ е содржана од 20 слики со апстрактна тематика, изработени во традиционалната сликарска техника масло на платно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука