Економија Избор Охрид

Околу 6.000 Холанѓани и Белгијци летниот одмор го поминале во Охрид и Струга

Охрид, 27. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Природните убавини, храната и пристапните цени носат се` поголем број туристи во Охрид и регионот.

Околу 6.000 Холанѓани и Белгијци се одлучиле летниот одмор да го поминат во Охрид и Струга, а до крајот на сезонава се очекува да пристигнат уште најмалку 8.000 гости.

Според податоците на Заводот за статистика, во првите пет месеци годинава, во споредба со минатата, бројот на странски туристи е зголемен за 10,4 %, а само во мај годинава, за 6,7 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука