Избор Култура

Концерт на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија на „Охридско лето“

Охрид, 29. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 21:00 часот во црквата „Св. Софија“ концерт ќе одржи камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија под диригентска палка на Саша Николовски – Ѓумар.

На програмата се дела на Чајковски, Персл и Хендл. Николовски – Ѓумар важи за еден од најдобрите македонски диригенти.

Во Камерниот оркестар на Музичката младина настапуваат студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а често во него членуваат и млади музичари од други земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави