Избор Охрид

„Bottom Time“ ги открива тајните на езерото – Потопени бродови кај Струга (Фото)

Охрид, 31. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на клубот „Bottom Time“, на официјалниот профил на Facebook објавија интересни фотографии од два брода, потопени во водите на Охридското Езеро.

bottombrodovi1bottombrodovi2– Станува збор за два брода – влекачи кои влечат 5 т.н. „вагони“ за транспорт на различни добра низ езерото. Истите се произведени во далечната 1887 година во Италија, а намерно биле потопени во 40-тите години од минатиот век над градот Струга во Охридското Езеро. Бродовите се наоѓаат на околу 1.500 метри од брегот, во близина на „веждата“, на длабочина од 7 до 9 метри, информираат од „Bottom Time“.

bottombrodovi3bottombrodovi4Во групата која ги направи фотографиите биле нуркачите Никола Паскали, Александар Булески и Кире Ристески. (Крај)

извор: „Bottom Time“/НиколаПаскали фото: „Bottom Time“/НиколаПаскали

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука