Економија Избор Охрид

Поразителни бројки: Од туристички Охрид само лани се отселиле 384 лица, половина од бројот во целата држава

Охрид, 3. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Последните податоци за миграциските движења во земјава кои ги објави државниот Завод за статистика покажуваат дека лани Македонија ја напуштиле 767 граѓани, од кои скоро половина се од туристички Охрид.

Во 2015 година Македонија ја напуштиле 1.016 граѓани, од нив 767 биле македонски државјани, а 249 биле странци со привремен престој во земјава. Според податоцтите од државната статистика, лани на внатрешен и надворешен план мигрирале вкупно 8.050 граѓани, што значи дека дел од нив заминале во странство, дел се иселиле во друг град или друго место во иста општина.

Во истиот период од странство во земјава се вратиле само 259 државјани на Македонија.

Мерењата откриваат дека на удар на иселувањето се малите градови и места, а како пример се споменува дека од Боговиње лани заминале 14 луѓе, а од Брвеница 10. Од Дебрца само за една година во странство заминале 34 луѓе, а од Делчево 29. Потоа од Јегуновце лани во странство заминале 67 луѓе, а други 45 заминале во друга општина или на друго место во истата општина. На удар на миграцискиот бран е малата општина Македонска Каменица од каде само за една година во странство заминале 11 лица. Сериозни се показателите за Охрид, од каде што лани во странство се иселиле 384 луѓе. На удар на миграцискиот бран е и Тетово. Од таму во 2015 година заминале 142 лица.

Како најатрактивни дестинации за иселување се Америка, Австралија, Германија, Италија, Швајцарија. Но, новите мерења покажуваат дека се повеќе граѓани се иселуваат и на нови дестинации во Европа. Така на пример во 2015 година во Белгија заминале 12 луѓе, а во Данска 11. Австралија и Нов Зеланд остануваат меѓу најатрактивни иселенички дестинации, каде во текот на ланската година заминале 128 луѓе, пишува порталот порталб.мк. (Крај)

извор: порталб.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави