Избор Струга Хроника

Жители на струшко Радолишта со нож решавале недоразбирања, повредено едно лице

Струга, 7. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Два часа по полноќ, на улицата „Нико Нестор“ во Струга се случи инцидент во кој едно лице е повредено со нож.

– Околу 02:30 часот во Струга на улицата „Нико Нестор“, во непосредна близина на казино дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата, 19-годишниот М.И. и 37-годишниот Д.Ш., двајцата од струшкото село Радолишта. Истите започнале расправија во казиното, по што ја продолжиле надвор од објектот. Во еден момент Д.Ш. со нож го прободел И.М. во пределот на левата страна од телото, а потоа го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

Од страна на екипа од итната медицинска помош, И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, каде му била констатирана тешка телесна повреда и истиот бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука