Вашингтон, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон во април ќе објави дека влегува во трката за претседател во 2016 година, објави „Волстрит џурнал”.
Таа дури ги предупредила спонзорите на Демократската партија дека влегува во трката порано отколку што се очекуваше. Очекувањата се таа да добие околу 1 милијарда долари од донации за кампањата.
Пред неколку месеци американскиот милијардер Ворен Бафет изјави дека е подготвен да се обложи дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон ќе се кандидира за претседателските избори во 2016 година и ќе победи. (Крај)
извор: CNN фото: CNN
Прочитано: 21