Струга, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија шверц на антибиотици и инсектициди за ветеринарна употреба на граничниот премин Ќафасан.
Биле октриени вкупно 28 парчиња антибиотици и инсектициди за ветеринарна употреба, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблици, управуван од македонски државјанин.
Сопственикот на непријавената стока не поседувал посебно одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23