Култура

Концерт на Марк Копе и Питер Лаул на „Охридско лето“

Охрид, 13. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва со почеток во 21:00 часот, во црквата Св.Софија ќе настапат Марк Копе – виолончело и Питер Лаул – пијано.

Програмата ќе опфати дела од: Л. В. Бетовен.

Францускиот виолончелист Марк Копе се смета за еден од водечките виолончелисти на денешницата. Повеќе од 20 години тој е постојан гостин во концертните сали низ светот, како солист и како камерен музичар. Во неговиот репертоар може да се најдат дела од различни периоди, но најзначајно место зазема музиката на германскиот композитор од времето на барокот – Јохан Себастијан Бах.

Питер Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега речиси низ сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, притоа соработувајќи со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Добитник е на национални и интернационални награди. Има издадено повеќе компакт-дискови, а има остварено и бројни ТВ и радиоснимки во Русија и други земји.

Билетите се по цена од 300 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охридско Лето

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука