Избор Култура Охрид

Продолжуваат истражувањата на локалитетот Горна Порта-Охрид

Охрид, 16. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта во Охрид, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.

gornaporta1

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега откри 85 гроба од кои 12 гроба кои датираат од македонско- хеленистички период односно некаде од 3-2 век п.н.е., а останатите се од османлискиот период од периодот на 15 до крајот на 18 век.

gornaporta2

Во гробниците од македонско – хеленистички период кои се со гробни конструкции од необработен камен, досега пронајдени се најразлични прилози карактеристични за периодот на погребување како керамички амфори, калапени чаши, делови од војничката опрема- копја, ножеви, накит- златни обетки со негроидни глави и со претстави на ерос, гердани со мониста од стаклена паста, привезоци, фибули и прстени, а во три гроба се пронајдени и бронзени садови.
Од периодот на доцната антика откриени и истражени се 11 јами и дел од рустикален објект, а пронајдено е поголемо количество византиски монети, неколку сребрени венецијански грошеви и една сребрена монета на кралот Волкашин. Гробовите од османлискиот период пак се главно со христијанска ориентација и во се пронајдени бронзени копчиња, обетки, срма, а зачувани се и делови од органски материјали -кожни обувки, дрво).

gornaporta3

Во текот на досегашните истражувања најстар наод на теренот е праисториско камено секирче, а најмлад османлиски монети од 19 век. Археолошките истражувања на локалитетот Горна Порта продолжуваат до крајот на септември годинава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави