Спорт

Масимилијано Алегри се ослободува од вишокот играчи

Торино, 17. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Менаџерот на Јувентус ,Масимилијано Алегри почна да ги продава оние фудбалери на чии услуги нема да смета во следната сезона.

Еден од оние кои ќе ги променат клупските бои е Роберто Переира откако играчот за врска го договори трансферот во редовите на Ватфорд.

Следен кој би требало да замине од Јувентус до крајот на оваа седмица е Симоне Заза. Голгетерот сака да замине во клуб каде ќе има поголема минутажа, а негова следна дестинација ќе биде Волфсбург. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука