Култура

На „Охридско лето“ ќе биде изведена претставата „Спобудалената локомотива“

Охрид, 18. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде изведена претставата „Спобудалената локомотива“од Станислав Игнаси Виткиевич во режија на Јернеј Лоренци.

Претставата е во изведба на Словенечки народен театар – Драма, Љубљана, Р.Словенија.

Ќе се прикажува во Центарот за култура со почеток од 21:00 часот.

Станислав Игнаси Виткиевич е еден од најкомплексните автори на полската и светската авангарда, а денес еден од класиците на 20-тиот век. „Спобудалената локомотива“ е напишана во 1923 година и е една од најкратките, но најмоќните драми каде на еден необичен и многу духовит начин ги резимира неговите уметнички и филозофски пребарувања.

Улогите ги толкуваат: Зигфрид Тензер – Јанез Шкоф, Николас Слобок – Алјаж Јовановиќ, Софија Танзер – Маја Север, Јулиа Томазик – Тина Врбњак, Turbulence Guster – Матија Розман, Мина – Нина Иванишин, Мира Бин – Петра Говц, Кондуктер – Звоне Хрибар, Валери Бин – Горазд Логар, Џон Каклсон – Андреј Нахтигал и Џејн Каклсон – Катја Левстик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охридско Лето

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука