Економија Избор Охрид

За Охрид деновиве се пишува во британскиот таблоид „Индипендент“

Лондон/Охрид, 18. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Манастирите, црквите, Охрид, Мајка Тереза, Старата скопска чаршија, Камениот мост, бурекот… сето ова е содржано во туристичката репортажа за Македонија, објавена деновиве во „Индипендент“.

– Македонија е перфектно место за планинарење, за пешачење, за возење велосипед или, пак, за истражување на култура, храна и вино, без масовен туризам каков што имаат соседните земји, како на пример Грција, пишува авторката на репортажата Ивон Гордон.

Во делот за Охрид, авторката Гордон вели дека Охрид и Охридското Езеро, како едно од најстарите езера во светот зазема посебно место во претставувањето на убавините на Македонија.

– На последниот ден од патувањето, го посетивме манастирот Св.Наум, познат како чудотворец. Има многу легенди за неговите чуда, а луѓето кои му се молат, веруваат дека тој ќе ги исполни нивните желби. За мене, тоа што дојдов да ги видам овие места е повеќе од исполнување желба, заклучува во репортажата Гордон.

Со толку многу планини, како што вели таа, Македонија е создадена за планинари, бајкери и патници авантуристи кои сакаат нешто поинакво, пишува таблоидот. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави