Избор Спорт

На Охридскиот пливачки маратон годинава ќе пливаат 17 маратонци

Охрид, 18. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Седумнаесет натпреварувачи од повеќе држави низ светот своите сили ќе ги одмерат на јубилејното 30. издание на Охридскиот пливачки маратон.

Меѓу нив е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој е фавориот и оваа година. Покрај Евгениј, во машка конкуренција ќе учествуваат и македонците Томи Стефаноски и Александар Илиевски, аргентинците Акуилес Балаудо и Блаум Дамаин, италјанецот Сточино Едоардо, бразилецот Евангелиста Матеус и германецот Пистор Симон.

Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат чехињата Силвие Рибарова, русинките Килик Дариа и Олга Козудуб, аргентинките Гарсија Рита Ванеса, Пилар Геијо и Викторија Мори, хрватката Дина Левачич, италјанката Елена Лионело и венецуелката Вичениа Наваро.

Стартот на маратонот е закажан за 20 август во 12 часот од Св. Наум, а пристигнувањето на првите маратонци се очекува да биде нека околу 17 часот на градското пристаниште. Маратонот ќе се плива на триесет километарската патека „Климе Савин“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука