Економија Избор Охрид

Презентација на програма за работа во информационите технологии

Охрид, 30. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – За сите млади претприемачи, но и други физички лица, кои работат во областа на информационите технологии, во Охрид утре ќе се организира сесија на презентација на првата пред-акцелераторска програма во Македонија која е наменета за стартапи.

Презентацијата е во организација на Seavus Incubator и Startup Zone. Ќе се одржи во NOA – Lounge bar со почеток во 17:30 часот.

Организатрите ги повикуваат сите заинтересирани да аплицираат за првата пред-акцелераторска програма. Преку “Ask me anyting” сесијата во Охрид, присутните на презентацијата ќе можат да дознаат повеќе за програмата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави