Струга

Во Струга презентација на училишна програма за размена на ученици во САД

Струга, 31. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Младите кои сакаат да учествуваат во проект на размена на ученици на некој од американските универзитети, во Струга ќе бидат тестирани со цел оценување на нивните знаења и познавањето на англискиот јазик.

Тестирањата се наменети за средношколци, кои завршиле прва или втора година во некое од средните училишта.

Тестирањата во струшките средни училишта ќе започнат од втората половина на месец септември. Најдобрите кандидати ќе имаат можност да поминат една година во Америка и да научат малку повеќе за нивната култура. The Kennedy-Lugar Youth Exchange ans Study program (YES), е програма за средношколци од прва и втора година кои се заинтересирани за културна размена. Програмата е целосно финансирана од страна на Соединетите американски држави, самото учество и апликација се бесплатни.

Датумите и распоредот на тестирање ќе биде дополнително објавен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука