Во сабота „Охридска софра“ во Скребатно
Охрид, 31. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година во селото Скребатно ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра“, чија цел е промоција на алтернативниот туризам во охридскиот регион.
Станува збор за манифестација која е своевидно продолжување на традициите врз кои се темели нашиот рурален развој, преку која се презентира креативноста на жителите, производителите на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна.
Годинава во приготвување на специјалитетот „ѓомлезе“ ќе се натпреваруваат 12 мајстори. Манифестацијата ќе се одржи во сабота со почеток во 09:00 часот, а победниците ќе бидат прогласени околу пладне. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |