Избор Спорт

Адамовиќ една година во РК „Охрид“

Охрид, 1. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Ракометниот клуб „Охрид“ имаше бурни неколку месеци во кои заминаа речиси сите ракометари кои важеа за носители на играта во текот на минатата сезона.

Затоа тренерот Андонов се врати во клубот со нова амбиција, а во комплетирање на мозаикот секако добредојден ќе биде десниот бек Лазар Адамовиќ.

23-годишниот српски интернационалец потпиша договор на една сезона со управата на Охрид, а пристигна од италијанската екипа Мало. Новиот десен бек на Охрид својата кариера ја започна во Бор, од каде по пет сезони заминува во Италија.

Адамовиќ изминатиов период престојуваше во Македонија каде успешно го мина пробниот период и се наметна кај управата на охриѓани. Тој имаше успешен настап на ракометниот турнир „Миле Нешкоски“, а во натпреварот за третото место против Прилеп постигна 12 погодоци кои му донесоа ангажман во РК „Охрид“. (Крај)

извор: 24rakomet.mk фото: 24rakomet.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави