Избор Култура Охрид

Во Куќата на Уранија ќе се одржи конференција „Богомилство без граници“ на МАНУ и БАН

Охрид, 2. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната научна конференција „Богомилство без граници“, што се реализира во рамките на проектната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН), ќе се одржи денес со почеток во 10 часот, во куќата „Уранија“ во Охрид.

Конференцијата ќе ја отворат академик Васил Ѓузелев и Маја Ангеловска-Панова, додека модератори на првата сесија ќе бидат Ендрју Роач и Ерика Лазарова. Со свои реферати во првата сесија учествуваат Васил Ѓузелев, Вера Стојчевска – Антиќ и Јуриј Стојанов.

Модератори на втората сесија на научната конференција се Јуриј Стојанов и Анисава Милтенова, а реферати подготвија Ерика Лазарова, Анисава Милтенова, Георги Василев и Маја Ангеловска – Панова. На затворањето на конференцијата заклучни согледувања ќе искажат академик Васил Ѓузелев и Маја Ангеловска – Панова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави