Избор Охрид

Во Охрид наврнаа 18 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 2. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Поројниот дожд кој вчера попладне наврна во Охрид, ги поплави голем дел од улиците низ повеќе локации и маала во Охрид.

Мерењата на Управата за Хидро Метеоролошки Работи покажуваат дека до 17 часот вчера во Охрид наврнале 18 литри дожд на метар квадратен.

Денес времето ќе биде променливо. Во претпладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната темпратура ќе се движи од 10 до 19, а максималната до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави