Избор Охрид

Метео: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 4. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– За време на викендов и в понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. В понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд. Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога под влијание на влажни бранови ќе има поголема количина на воден талог. На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи. Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави