Избор Охрид

Уште една награда за кулинарство за охридскиот готвач Влатко Ѓорѓиески

Белград, 6. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот готвач Влатко Ѓорѓиески, шеф на кујна во ресторанот „Бетон“ од Охрид, доби највисоки оценки на традиционалниот „Фиш фест“ во Белград, кој по десетти пат се одржа во Белград, од 1 до 4 септември, заедно со неговиот колега од Тетово, Бобан Билбиловски, шеф на кујна во ресторанот „Електра гарден“.

Тие како дел од тимот на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, учествуваа во официјалниот дел на претставување на национално јадење, подготвено во голем казан.

Во минатиот период, Влатко Ѓоргиески, како дел од тимот на „Гастро Мак“ освои златен медал на третиот Меѓународен гастро туристички шампионат, кој од 8-ми до 10-ти јуни се одржа во Ниш, Србија, а предходно, се врати со медал и од 10-то меѓународно отворено првенство на Црна Гора, „Будва 2016“ во април годинава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави