Избор Охрид Спорт

Абел Роп од Кенија победник на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон

Охрид, 8. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Минатогодишниот победник Абел Роп од Кенија, уште еднаш се запиша на листата на победници на Јубилејниот 30-ти Меѓународен Охридски Атлетски Маратон.

Тој го сруши и рекордот стар 23 години и пристигна на целта за еден час и 34 минути.

Второто место му припадна на Вилсон Вамбугу Камау од Кенија, а како трет пристигна Тамаш Наги од Унгарија.

Овој јубилеен маратон ќе остане запаметен како по поставувањето на нов рекорд, така и по големиот број на учесници.

– Годинава имавме рекорден број на учесници, вкупно 97, повеќето беа во машка конкуренција. Трката се одвиваше во најдобар ред. Им честитаме на победниците и на сите останати учесници во маратонот, вели Пецо Неданов, претседател на Здружението Охридски Атлетски маратон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука