Избор Партии

ВМРО НП: Општина Охрид повторно го заборави Охридското востание

Охрид, 13. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на ВМРО – Народна партија од Охрид го одбележаа ослободувањето на Охрид од српската окупација. Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето во Велгошти беше одбележана годишнината од Охридското востание.

– За жал, и оваа година, овој чин беше игнориран од страна на Локалната самоуправа. Општина Охрид како да го заборави овој важен и значаен датум за градот. И покрај најавите изминатите година на секретарот Спасески дека местото околу спомен обележјето ќе биде уредено, се уште нема ништо од сето тоа. Покрај претставниците на ВМРО – Народна партија, на чинот присуствуваа единствено претставници на ограноците од Охрид и Кичево на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство, информираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука