Избор Охрид

Традиционален марш „Аргир Маринчев“

Охрид, 13. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на граѓани „Свети Василиј“ и Советот на месната заедница од селото Куратица по повод 113 годишнината од битката кај Рашанец, денес организираат посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници.

Маршот ќе биде со почеток 8,30 часот, од сред село Куратица. За настанот од 1903 година, ќе се одржи историски час кај местото на загинувањето на војводата Аргир Маринче и неговите востаници сожртви.

Битката кај Рашанец е најголемиот настан во охридско, кај народот познат и како втор „Мечкин Камен“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука