Македонија

Бугарија ќе додели 150.000 евра помош за Македонија за последиците од поплавите

Софија/Скопје, 20. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Како дополнување на техничката и хуманитарната помош која што Република Бугарија и ја даде на Македонија за справување со последиците од поплавите во скопскиот и тетовскиот регион на 6 и 7 август, Владата во Софија одобри и финансиска помош од близу 150.000 евра.

Средствата се обезбедени од фондот за развој и хуманитарна помош од буџетот на Министерството за надворешни работи и ќе бидат префрлени дел на Црвениот крст на Македонија, а дел на Министерството за финансии за справување со материјалните штети, вклучувајќи и поправка на разрушената инфраструктура, јави БГНЕС. (Крај)

извор: BTA фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави