Спорт

Хари Кејн ќе паузира два месеци

Лондон, 20. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Тотенхем е во проблеми откако најдобриот фудбалер на тимот Хари Кејн, сериозно се повреди на дуелот со Сандерленд.

„Дејли мејл“ денеска објави дека не станува збор за скршеница, но фудбалерот ќе мора да мирува два месеци бидејќи има оштетување на лигаментите во зглобот.

Неговото место во екипата треба да го пополни Винсент Јансен, кој летово пристигна на „Вајт харт лејн“ од холандскиот прволигаш АЗ Алкмар. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави