Забава

Музички настан „All you need is love“ со Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа

Скопје, 20. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – После големиот концерт на Ian Gillan- вечер на Deep Purple со Македонската Филхармонија, Авалон Продукција го претставува својот последен проект со кој ја затвора 2016-та година на музички план во Македонија.

– После толку многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година се одлучивме за прв пат на едно место за крај да го собереме најдоброто во областа на поп рок музиката во последниве 20-тина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место, на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа – имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат, велат од Авалон Продукција.

Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути. Манифестацијата ќе има многу интересно музичко отворање, чие име ќе биде објавено дополнително, така што журката ќе трае речиси 6 часа.

Трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави