Спорт

Самуел Умтити го пропушта дуелот со Атлетико Мадрид

Барселона, 21. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид  на „Камп Ноу“ во петтото коло од шпанското фудбалско првенство, но Луис Енрике ќе мора да меува во одбраната.

Самуел Умтити на тренинг ги повредил лигаментите на левото колено, поради што ќе мора да отсуствува од фудбалските терени околу две седмици.

Дефанзивецот ќе ги пропушти мечевите против Атлетико Мадрид, Спортинг Хихон, Борусија Менхенгладбах и Селта.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука