Економија Избор Охрид

Брендот Macedonia Timeless на кој е застапен Охрид, презентиран во Франција

Охрид/Скопје, 23. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Македонската туристичка понуда по втор пат се претстави пред потенцијалите француски туристи, каде Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја промовираше туристичката понуда на земјава на саемот за туризам во Париз, Франција (IFTM TOP RESA 2016).

Брендот Macedonia Timeless на кој Охрид и Охридското Езеро се застапени во голем број промо материјали, беше посебно презентиран во Франција.

Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот од страна на младите парови, семејства и поединци. Интересот на француските туристи е најголем за авантурата, кратки посети на градови и култура, а својот одмор, неверојатни 70% од француските туристи преферираат да го резервираат преку интернет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука