Култура

Охридскиот театар на „Денови на комедијата“ во Куманово

Охрид/Куманово, 23. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – По вечерашното гостување во Велес на Фестивалот на драма „Стоби“, НУ Охридски Народен театар ќе реализира уште едно гостување.

Станува збор за 19. Меѓународен фестивал на комедијата „Денови на комедијата“, кој ќе се одржи во првата половина на октомври во Куманово.

Народниот театар од Охрид во рамките на фестивалот ќе ја изведе претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов, работена според Аристофановата комедија „Жени во Народното собрание“.

Тринаесет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, ќе настапат на 19. Меѓународен фестивал на комедијата. Организатор на манифестацијата е Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а покровител Министерството за култура на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави