Избор Празници

Владиката Тимотеј во Бар носи на подарок честица од моштите на Свети Јован Владимир, подарок за СПЦ

Охрид, 24. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Македонска православна црква денеска во Бар ќе и` подари мало парче од моштите на свети Јован Владимир на Српската православна црква, гест што треба да влијае врз надминувањето на прекинатиот дијалог поради меѓуцрковниот спор.

Ова реликвија неодамна ја побара српскиот владика Амфилохие, кој е на чело на преговарачкиот тим на Српската црква за разговорите што веќе подолго време се пролонгираат. Во дописот што го испратил до Синодот на МПЦ-ОА тој го именувал македонскиот поглавар г.г. Стефан со неговата полна титула „архиепископ охридски и македонски“. По ова, македонските владици беа едногласни во ставот да се отстапи мало парче од моштите на светителот што му бил зет на цар Самуил, а кои ќе бидат ставени во новата црква што му е посветена во црногорскиот град Бар.

Неговите мошти, дел од раката, се чуваат во охридската црква „Свети Никола Болнички“. Владиката Тимотеј денес попладне ќе има средба со митрополитот Амфилохие.

На осветувањето на црквата во Бар, ќе присуствува и Албанскиот Архиепископ Атанасиј, а најверојатно и Ерусалимскиот Патријарх Теофил. (Крај)

извор: Дневник фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука