Спорт

Џон Оби Микел го напушта Челзи

Лондон, 25. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Челзи, Џон Оби Микел, соопшти дека одлука за својата фудбалска иднина ќе донесе во текот на зимата.

Договорот на Нигериецот истекува по крајот на сезоната и тој може уште во текот на зимата да преговара со други клубови и да потпише прелиминарен договор.

– Отворен сум за секакви предлози,имам желба да останам во Англија, но може да се упатам и кон Кина, изјавил Оби Микел. (Крај)

извор: Sport TA фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука