Марио Балотели вратен во репрезентацијата
Рим, 26. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Sky sport пренесува дека проблематичниот Марио Балотели по пауза од две години се враќа во селекцијата на Италија.
Според истиот извор новиот италијански кормилар Џанпјеро Вентура го повикал контроверзниот напаѓач за квалификациските мечеви кои Италија во октомври ќе ги игра против Шпанија и Македонија.
Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан, оваа сезона игра во францускиот шампионат ,го носи дресот на Ница и на стартот од првенството игра брилијантно. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |