Охрид

Повик за студенти за ангажман како тутори на ученици

Скопје/Охрид, 27. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Студентите кои студираат на факултетите во Охрид, кои сакаат бесплатно да подучуваат основци од шесто до деветто одделение, како и средношколци, можат да се пријавуваат на страницата tutori.mon.gov.mk.

Пријавувањето трае од 1-ви до 30-ти октомври. Од Министерството за образование и наука информираат дека целта е да им се помогне на учениците на кои им е тешко совладувањето одредени предмети.

Студентот тутор за неговиот ангажман ќе добие дополнителни десет поени кога ќе аплицира за студентска стипендија следната година. Студентот за да биде тутор треба да биде редовен студент, да достави препорака од најмалку еден професор од соодветниот предмет кој ќе потврди дека тој е подобен да подучува и по предметот или предметите за кои се пријавува да подучува да има најмалку 8 просечен успех. Еден студент може да се пријави да биде тутор по најмногу четири предмети.

Изборот ќе го врши комисија од ресорното министерство. (Крај)

извор: mon фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука