Избор Охрид

Утре седница на Општина Охрид

Охрид, 27. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Шеесеттата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи утре, среда, со почеток во 10,30 часот.

Советниците ќе расправаат за распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2016 година, потоа програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, како и одлуката за исплата на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

На дневен ред ќе бидат извештаите за работата и материјално – финансиското работење на основните и средните училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“.

Бројни ќе бидат и точките од урбанистичката сфера, претежно за донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Коњско, Трпејца, Лескоец, Рамне, Велгошти, Пештани, Косел, Оровник и други рурални средини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука