Избор Спорт

Таеквондистите од „Хва Ранг ИТФ“, Лескоец викендов на силен турнир во БиХ

Охрид, 28. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид, викендов ќе учествува на Меѓународниот Таеквондо ИТФф турнир во Добој, Босна и Херцеговина.

На овај турнир, кој се вбројува во еден од најпрестижните на Балканот, под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски, црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион ќе настапат: Крстески Давид, Димов Јане, Крстески Марио, Јанеска Елена, Митрески Христијан, Јанески Антонио, Велковски Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасеска Јана, Јованоски Александар, Кузманоски Климент, Трифуноски Филип, Грозданоски Климент, Филип Јосифоски, Ангела Јовческа и Вељаноска Тамара.

– Се надеваме дека и овај пат нашите спортисти ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди, вели тренерот Лазаревски, кој испраќа голема благодарност до генералниот спонзор на клубот „ПН МЕТАЛ“, кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука