Избор Охрид

Метео: Уживајте во сончевиот викенд, од понеделник дожд и заладување

Охрид, 1. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена висока облачност и со слаб јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

vremenska11016– Релативно топло време ќе се задржи до понеделник. Денес ќе има мала до умерена облачност, а од недела ќе следува период на променливо облачно време со локални и слаби врнежи од дожд, особено во западните делови. Од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух, особено во вторник и в среда, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави