Економија Избор Охрид

Проекти за прекугранична соработка Македонија – Албанија ќе се презентираат во Охрид

Охрид/Битола, 3. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид и во Битола денеска ќе се организираат информативни сесии за Првиот повик за поднесување на предлози во рамки на проектот на Европската унија за прекугранична соработка Македонија-Албанија.

Во Охрид информативната сесија ќе биде во 14 часот.

Информативните сесии се во организација на Министреството за локална самоуправа, оперативната структура на ИПА прекуграничната програма за соработка Република Македонија – Албанија 2014-2020 и Делегацијата на Европската унија (ДЕУ) во Република Македонија.

Пред учесниците ќе биде презентиран водичот за поднесување на проектни предлози преку кој потенцијалните апликанти ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за аплицирање на повикот.

Утре вакви информативни средби ќе се одржат во Корча и Елбаса, Албанија, а во среда во Дебар и во Гостивар. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави