Спорт

Џани Инфантино предлага Мундијал со 48 репрезентации

Цирих, 5. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино излегол со предлог во иднина на светските првенства да учествуваат 48 селекции.

Оваа идеја првиот човек на ФИФА ја предложил со цел „да го развие фудбалот во сите сите делови на планетата“, односно да им овозможи и на послабите фудбалски репрезентации да учествуваат во распределба на финансискиот дел.

Инфантино предложил пред почетокот на фазата по групи да се одигра едно претколо, по кое 16 репрезентации би испаднале од Мундијалот и групната фаза повторно да започне со 32 репрезетации. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави