Warner Music Group ќе ја дистрибутира музиката на Четкар во Кореја
Охрид, 5. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Warner Music Group, третиот најголем музички дистрибутер во светот ќе ја дистрибутира музиката на охридскиот музичар Владимир Четкар во Кореја.
Од неодамна, музиката на Четкар е издадена во Јужна Кореја преку познатата Корејска музичка куќа, „Си енд Ел рекордс“ и светскиот музички гигант Warner Music Group.
Четкар во Кореја на „Јарасум Џез Фестивал“
На концертот Четкар беше придружуван од македонски и американски музичари (Коди Роландс на труба, Арон Хенри на флејта и тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |