март 5, 2015

Охрид, 5.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Младите од Струга го исчистија јавниот ѕид во градот кој им служи како улична галерија за креативно изразување.

-Немате доволно погрдни зборови, колку што ние имаме боја, им порачаа стружани на креаторите на пораките со недолична содржина.

str_cetki

Тие со четки и бои, деновиве го вратија назад просторот кој им припаѓа и порачаа дека нема дозволат нивните соништа да бидат уништени од , како што велат, сите оние кои ги користат методите од националистичката пропаганда за да наметнат страв, едноумие и омраза.

-Политиката нема ништо со овие уметнички улични дела, белиот ѕид е за да поттикне и да мотивира прогресивни и визионерски идеи, а не омраза и пропаганда која што „вие“ се обидувате кукавички да ја нанесете во доцните ноќни часови. „Тие“ кои што мислат дека црната боја е доволна треба да знаат дека немаат толку црнила колку што ние имаме добрина, велат од здружението „Аква“. (Крај)

извор:ОхридПрес фото: ТВ Спектра

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука